Првиот дел дел од рускиот ПВО систем пристигна во Србија
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин потврди дека на Армијата на Србија на 22 овој месец и беше испорачан првиот дел од рускиот ПВО систем Панцир С1.
Панцир С1 беше донесен со руски транспортен авион.
Со таа набавка на одбранбено оружје „единствено такво во регионот“, Србија продолжува со јакнење на одбранбената моќ и зголемување на потенцијалот на спротиставување, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.
Договорот меѓу Србија и Русија за набавка на една батерија од Панцир С1 составен од шест одделни системи, беше склучен лани.