Нова методологија за потежок пат кон ЕУ
Европската унија воведува нова методологија за преговарање со земјите кандидатки. Реакциите од земјите кои се опфатени од новите правила се позитивни, иако експерти оценуваат дека за нив тоа ќе значи различни и потешки услови. За почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија, потребен е консензус во Европската унија.