Шпанија е европски шампион во ракомет
Репрезентацијата на Шпанија успеа да ја одбрани титулата на Европското првенство во ракомет. „Црвената фурија“ во финалето ја совлада Хрватска со 22-20 (12-11) и ја спречи да дојде да првиот златен медал на овие натпреварувања. Хрватска по трет пат губи во финале на континенталниот собир.
Најдобар стрелец кај победникот беше Гомез со пет гола, а Македа постигна три, додека кај Хрватска, Дувњак даде пет, Карачиќ реализира четири пати, а Мариќ и Степанчиќ имаа по три гола. Мечот за титула го судеа македонските арбитри Николов и Начевски.