Се шири новиот респираторен вирус во Кина
Властите во Кина денеска соопштија дека мистериозниот респираторен вирус се шири низ повеќе места и дека викендов се пријавени нови 139 случаи од кои тројца починале. Се уште не се знае изворот на вирусот сличен на САРС. Трите нови случаи се регистрирани надвор од градот Вусан каде што прво беше детектиран вирусот.
Државната комисија за здравство најави дека ќе преземат превентивни мерки и ќе вршат позасилено набљудување за време на Кинеската нова година која се одбележува на 25 јануари. Новите регистрирани случаи на коронавирусот, кој има симптоми на пневмониа, кашлање, проблеми со дишењето и треска, се лица кои работеле или посетиле пазари на храна во предградијата на Вухан.
Експертите велат дека најверојатно вирусот се пренесува од животни на луѓе, но не можат да ја отфрлат можноста за ширење и меѓу луѓе. До вчера има 198 потврдени заболени во Вухан, двајца пациенти во Тајланд и еден во Јапонија.