Ирачката парамилиција се повлече од амбасадата на САД во Багдад
Ирачката војска соопшти дека проиранските парамилитантни групи се повлекле од американската амбасада во Багдад два дена откако толпата го нападна комплексот поради што американските власти испратија неколку стотици дополнителни војници во регионот.
Соопштението на командата на ирачката војска следува откако вчера Народните мобилизациски сили ги повикаа своите поддржувачи да се повлечат од комплексот. Групата во која најголем дел се припадници на шиитската милиција беше една од главните организатори на жестоките протести пред американската амбасада кои следуваа по воздушните напади на САД во Ирак претходно неделата.
На 31 декември толпата извикуваше „Смрт на Америка“ и запали оган на покрив на објект за прием, но не влегоа во главниот дел од објектот. Дел од нив вееја знамиња на парамилитантната група поддржана од Иран. Овие случувања пред амбасадата на САД во Багдад се едни од најжестоките пред дипломатско претставништво на таа земја по оние во Либија во 2012 година.