Прв состанок на Комитетот Македонија-ЕУ по европските избори
Прв пат по европските избори, Мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија – ЕУ, ќе се состане на 18 и 19 декември во Европарламентот во Стразбур, јави МИА од Стразбур. Меѓу темите за дебата на состанокот на Мешовитиот комитет се: владеењето на правото, судските реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата, за подготвеноста на изборниот систем и предложените реформи во тој домен.
На крајот на состанокот, во четврток, се очекува да бидат усвоени Завршни препораки кои се упатуваат до институциите на Република Северна Македонија и на Европската унија.