Албанија контра Харадинај: Косово е покането во мини Шенген
Албанската влада рагираше на изјавата на косовскиот премиер во заминување, Рамуш Харадинај, кој рече дека Косово не е покането на „мини Шенген” Самитот, што ќе се одржи во Тирана. Албанската Влада ја отфрли изјавата и соопшти дека Косово е покането на највисоко ниво преку поканата упатена до претседателот Хашим Тачи, идентично како и за средбата во Охрид.
„Во врска со изјавата на премиерот на Косово во заминување, објаснуваме дека со оглед на формата на регионалните состаноци и фактот дека нова влада,во Косово, се уште не е формирана, Косово е покането на највисоко ниво, исто како и на состанокот во Охрид, преку покана до Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи“, соопшти албанската влада.