Пулејкова со „Свадбен пат“ за создавањето и надминувањето на границите
![Пулејкова со „Свадбен пат“ за создавањето и надминувањето на границите](https://gdb.rferl.org/D5FC8589-73E6-4681-A62A-8BBBDD0E5B69_w800_h450.jpg)
Базиран на уникатната миграција на критично загрозената Европска јагула, „Свадбен пат“ - мултимедијален проект на македонската уметничка Кристина Пулејкова, од 19 декември до 10 јануари „ќе ја врати водата“ во Чифте амам, во Национална галерија на Македонија.