Пецас: Не се плашиме од Турција, подготвени сме на се
![Пецас: Не се плашиме од Турција, подготвени сме на се](https://gdb.rferl.org/9891C02D-20A5-40E9-A1B9-5A76A47AF1D3_w800_h450.jpg)
Портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас, изјави дека „Грција не се плаши од инцидент со Турција, но дека е подготвена за што било“, одговарајќи на новинарско прашање - Дали постои страв дека Турција би можела да испрати брод јужно од островот Крит, за да ја тестира реакцијата на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
„Како што многупати имаме кажано, а и самиот премиер тоа го изјави, не се плашиме од никаков инидент. Ние сме подготвени за што било, секогаш со водечки критериум заштита на нашите суверени права и за тоа правиме сѐ што можеме“, рече Пецас.
Тој додаде дека Грција на нејзина страна ги има и меѓународното право и сојузниците и има сила да ги одбрани нејзини национални и суверени права.