Заев - Прочистување во правосудството, а не ветинг
![Заев - Прочистување во правосудството, а не ветинг](https://gdb.rferl.org/6631ED18-DDB7-4ABE-87CD-1C9FEC14DD21_w800_h450.jpg)
Процесот што го спроведуваме се вика прочистување во делот на правосудството, кај судиите и јавните обвинители. Поимот ветинг не треба да го употребуваме поради тоа што ветингот, посебно во регионот симболизира една поразлична постапка, рече денеска премиерот Зоран Заев. Тој рече дека земјава е во понапредна фази со реформските закони и институциите имаат сериозни алатки да го направат прочистувањето.
Тој со ова ја појасни неговата вчерашна изјава дадена на трибината „На прав пат“, во која ги повика надлежните институции да ја почнат постапката за проверка на имотот на судиите, обвинителите и нивните семејства, а од Судскиот совет побара да ја провери ажурноста на работата на судиите и обвинителите.
Заев потсети дека Антикорупциската комисија најави дека во плановите за 2020 година им е ставена проверката на судии и обвинители.
Претходно, евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека ЕУ смета дека сега нема потреба од ветинг во судството.