Ременски за „Меѓународен сојуз“ видела сè, освен докази
Пратеничката од СДСМ и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски денеска по излегувањето од Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде вршеше увид на доказниот материјал против неа за случајот со „Меѓународниот сојуз рече дека видела сè, освен докази. Ременски беше почесна потпретседателка на невладината, а нејзин претседател беше Бојан Јовановски, Боки 13, кој е обвинет и во случајот Рекет, за барање поткуп. Ременски рече дека немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ во Обвинителството.
Истрагата за Меѓународен сојуз се однесува на злоупотреба за измама и перење пари. Ременски се товари за помагање во делото измама.