Пет соработници на поранешниот градоначалник Јакимовски призна вина
![Пет соработници на поранешниот градоначалник Јакимовски призна вина](https://gdb.rferl.org/F03166D8-CB14-443E-9B3C-16687ED411AC_w800_h450.jpg)
Петмина соработници на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, обвинети заедно со него за незаконска легализација на објекти, признале вина. Обвинети се 11 луѓе, но откако 5 признаа вина, со нив ќе биде спроведена постапка за спогодување, додека за останатите обвинети е закажано ново рочиште за оценка на обвинителниот акт на 26-ти овој месец.
Четири лица од обвинетите признале вина веднаш по поднесувањето на обвинителниот акт, а едно лица признало вина на денешното рочиште за оценка на обвинителниот акт.
Според Обвинителството, првообвинетиот во својство на градоначалник сторил повеќе кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и едно кривично дело „бесправно градење“. Дел од останатите се обвинети за злоупотреба на службената положба, некои за несовесно работење, или за бесправно градење.