Корбин се извини за големиот пораз
Лидерот на британските Лабуристи Џереми Корбин им се извини на своите поддржувачи поради големиот пораз што партијата која ја предводи го претрпе на изборите, но вети дека ќе ја врати довербата кај гласачите.
"Нема да заобиколувам, резултатот е тежок удар за секој на кому очајно му беше потребна вистинска промена во нашата земја. Жал ми е што потфрливме и јас ја преземам одговорноста за тоа“,наведува Корбин во отворено писмо до весникот Мирор.
Конзеративците на премиерот Борис Џонсон освоија убедлива победа на изборите што се одржаа во четвртокот. Тие освоија 365 места, зголемувајќи ги бројот за 48 места во однос на претходниот парламентарен состав, а Лабуристите на Корбин изгубија 60 места и сега ќе имаат 202 пратеници.