За ВМРО-ДПМНЕ менувањето на изборниот модел пред избори е преседан
„Затоа Заев се обидува на шверцерски начин, спротивно на препораките на ОДИХР, ги злоупотребува помалите коалициски партнери за да протурка измени во Изборниот Закон со кои што во 5 минути до 12 би го намалил изборниот пораз.Дури и неговиот главен коалициски партнер не се согласува со измамите на Заев и предлага 6000 амандмани за да го вразуми дека ќе мора да ја прифати волјата на граѓаните“, соопштуваат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат и дека нема да ги повлечат поднесените 600 амандмани.