Украина задоволна од односите со САД
„Сакаме НАТО да биде поамбициозен кон Украина. Ние не сакаме само да добиеме поддршка, туку сакаме и да придонесеме“, изјави Кулеба кој е првиот претставник на украинските власти во посета на Вашингтон после неколку месеци.
Кулеба кој оствари средби со претставници на Конгресот, Стејт Департментот и Белата куќа истакна и дека неговите приоритети за време на посетата биле да лобира со цел САД да воведат санкции за рускиот проект за гасовод „Северен Тек 2“ и да се зајакнат односите со НАТО.