Изетбеговиќ, Комшиќ и Радончиќ договорија коалиција на сите нивоа во БиХ
Изетбеговиќ, на новинарите им кажа дека неговата партија ќе ги преземе заменичките места во Советот на министри. Тој рече дека ќе сторат сè за новиот состав да биде назначен до 23 декември, за да може веќе следниот ден во Брисел да испратат План со реформи.
Според него, премиерот на Кантонот Сараево ќе биде заеднички избор на трите партии, а неговата партија ќе има седум министерски места, партијата на Радончиќ три, а партијата на Комшиќ две министерски места.