Одблокирана сметката на Киргистанскиот сервис на РСЕ, но тужбата останува
Претходно Судот им ги замрзна сметките по нивното заедничко новинарско истражување за широко распространетата корупција во царинската служба во земјата и масовниот одлив на готовина.
Влијателно киргистанско семејство, кое е во центарот на наводите за корупција поднесе тужби против медиумите, обвинувајќи ги за клевета. Семејството Матраимов денеска побара Судот да им ги одблокира сметките на медиумите и новинарите, но остануваат на ставот дека ќе ги тужат.
Минатиот месец киргистанското обвинителство отвори истрага за да ги потврди наводите што ги објавија медиумите.