Турција го повика американскиот амбасадор на разговор
Турските власти денеска го повикаа американскиот амбасадор во Анкара на разговор во турското МНР, откако Конгресот на САД усвои резолуција со која се признава геноцидот на Отоманската Империја врз Ерменците на почетокот на 20 век.
Американскиот Конгрес вчера едногласно ја изгласа резолуцијата, која кон крајот на октомври ја усвои и Претставничкиот дом, што и тогаш предизвика незадоволство од Турција. Историчарите проценуваат дека во Отоманската Империја за време и по Првата светска војна биле убиени 1,5 милиони Ерменци, што според некои стручњаци се смета за првиот геноцид во 20 век. Турција, која е наследник на Отоманската Империја, негира дека се работи се геноцид, туку дека тоа се жртви на граѓанската војна и немирите за време на распадот на Империјата. Според Турција, бројката е преувеличена и имало жртви на двете страни. Турција наведува дека тогаш загинале меѓу 250 и 500 илјади луѓе.