Протести во Минск против економско обедунување со Русија
Стотици демонстранти денеска маршираа низ белоруската престолнина во знак на протест на плановите за натамошно интегрирање со Русија. Ова денеска се случува во пресрет на средбата на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко на која требаше да разговараат за договорот за Унија меѓу двете земји при зголемениот притисок од Москва врз Минск за понатамошна интеграција.
Демонстрантите во Минск држеа транспаренти со црвени ленти, како забранетото знаме на првата независна белоруска држава, како и знамиња на ЕУ додека маршираа низ градот.
Денешните разговори меѓу Путин и Лукашенко во Сочи се совпаѓаат со 20-годишнината од договорот за Унијата. Двете нации потпишаа договор во 1999 година кој две децении подоцна остана само на хартија. Според едне од протечените документи што го објави рускиот дневен весник Русија и Белорусија до 2022 година ќе создадат економска конфедерација.