Британскиот премиер Џонсон побара избори на 12 декември
Британскиот премиер Борис Џонсон повика на генерални избори на 12 декември за да се пробие ќор-сокакот за Брегзит, откако немаше успех во британскиот Парламент за договорот за напуштање на Унијата кој го постигна со ЕУ.
Џонсон денеска изјави дека ќе побара од пратениците на почетокот на следната недела да гласаат за иницијатива за барање предвремени избори.
Потегот на Џонсон доаѓа откако пратениците на 22 октомври го блокираа неговиот обид за брзо преследување на договорот за Брегзит со ЕУ низ Парламентот.
Пратениците рекоа дека им е потребно повеќе време да го анализираат договорот, со што невозможно е Британија да ја напушти ЕУ на закажаниот датум на 31 октомври.