Продолжува операцијата „Криумчарењe“ во Косово, приведени уште тројца полицајци
Тројца полицајци се уапсени денеска во Северна Митровица во Косово. Тие се товарат за „организиран криминал“ и „злоупотреба на службената положба“.
Денешната акција е продолжение на операцијата изведена во мај годинава, наречена „Криумчарење“. Со денешните три апсења, вкупниот број на приведени полицајци во „Криумчарење“ се искачи на 25.
Акцијата е спроведена по наредба на Специјалното обвинителство во Косово.