Европратениците за договорот за Брегзит по ратификацијата во Британија
Европскиот парламент ќе биде последната инстанца која ќе гласа за договорот за Брегзитот, бидејќи сака да го сочека изјаснувањето за тој документ во Долниот дом на британскиот парламент. Малку е веројтано дека европартениците ќе гласаат во текот на сегашното засадение во Стразбур со оглед на тоа што се уште тече дебатата во парламентот на Британија. Владата на премиерот Борис Џонсон инсистира на тоа Британија да излезе од Унијата на 31 октомври со или без договор.