Заев - Се уште е рано да се разговара за технички министер
Премиерот Зоран Заев вели дека се уште е рано за да се разговара за технички премиер и за министри во техничката влада која треба да ги спроведува изборите. Тој одговарајќи на новинарски прашања по Конференцијата на Светската царинска организација рече дека владата периодот го користи да ги додржи темпото на економските реформи.
По реакциите на бизнис секторот дека изборите ќе им се одразат на работата и дека очекуваат уште една лоша година, Заев вели дека годината ќе заврши како навистина економска, а верува дека и следната ќе биде таква. Очекува да се постигне проектираниот раст, а можеби и повеќе.
Случувањата со недобивање на датумот нема да се одразат на динамиката на спроведување на договорите со Бугарија и со Грција, вели премиерот.
Што се однесува до пописот, Заев вели дека следната недела ќе има состанок со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на која ќе разговараат за новиот датум за спроведување на пописот на населението. Заев вели дека пописот треба да се спроведе во 2020 годин.