Столтенберг - НАТО останува посветено на членството на Македонија
„Процесот на ратификација е на добар пат и со нетрпение ја очекувам Северна Македонија наскоро да влезе во нашата Алијанса“, напиша Столтенберг.
Во телефонскиот разговор со Столтенберг, премиерот Заев се заблагодарил за поддршката и истакнал дека Северна Македонија останува посветена на заокружувањето на процесот за полноправно членство во алијансата, како нејзин стратегиски и суверен избор да биде следната, 30-та земја членка, соопштуваат од владината прес-служба.
Вчера претседателот Стево Пендаровски изјави дека најдобро би било изборите да се случат по пристапувањето во НАТО затоа што е потребен функционален парламент кој ќе треба да го ратификува пристапувањето откако тоа ќе го сторат сите 29 земји членки на НАТО.
Досега протоколот за пристапувањето со потпишаа 24 земји-членки. Остануваат уште пет – Шпанија, Франција, Холандија, Исланд и САД.
Лидерите на партиите вчера се согласија дека ќе има избори на 12 април, откако земјата не успеа да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.