Објавен тендерот за избор на компанија која ќе го чисти линданот во Охис
Објавен е меѓународниот тендер за избор на фирма која треба да го исчисти токсичниот линдан во Охис. Тендерот ќе биде отворен до 11 ноември, а треба да се избере технологија за отстранување на линданот и неговите изомери од кругот на фабриката во Скопје.
По пристигнувањето на понудите, ќе биде формирана комисија од меѓународни и национални експерти, која ќе ја избере најдобрата понуда, а по што ќе следат активности за започнување со работа на терен.
Поради токсичноста линданот е забранет за употреба во 52 земји, додека во 33 е строго ограничен.