Могерини: Евролидерите да донесат одлука за преговори со Скопје и Тирана
„За да се зајакне постигнатиот напредок на Балканот, сега е моментот да отвориме пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Се надевам дека нашите лидери во следните денови ќе ја донесат вистинската одлука“, изјави денеска високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини. Во говорот за „Улогата на ЕУ како глобален играч“ на Универзитетот Оксфорд, меѓу другото, Могерини потенцираше дека Унијата мора да се стабилизира и да го обедини сопствениот континент со внесувањето на Западен Балкан во ЕУ. „Во последните години направивме значајни чекори, почнувајќи од договорот меѓу Грција и Северна Македонија, а важен напредок, и покрај тешкотиите, постигнат е и во дијалогот меѓу Белград и Приштина“, истакна Могерини.