Со нож прободени петмина во Манчестер, напаѓачот совладан
Пет лица биле прободени со нож денеска, во трговски центар во англискиот град Манчестер, а истрагата ја водат инспектори за борба против тероризмот, соопшти полицијата во Манчестер, пренесе Ројтерс.
По нападот, што се случил во трговскиот центар Арандал, во центарот на градот, објектот бил евакуиран, а вооружената полиција го обезбедила местото, по што еден 40-годишен маж бил совладан од полицијата со употреба на електричен шок-пиштол.
„Можеме да потврдиме дека пет лица биле прободени со нож и однесени во болница. Во оваа фаза имаме широка истрага за мотивот за овој ужасен настан“, се вели во соопштението на манчестерската полиција.