Нобеловата награда за мир за етиопскиот премиер Абиј Ахмед
Нобеловата награда за мир за 2019 година ја доби етиопскиот премиер Абиј Ахмед, соопшти Нобеловиот комитет за доделување на наградата во Стокхолм, пренесе Ројтерс.
„Премиерот на Етиопија, Абије Ахмед Али, ја доби годинешната Нобелова награда за мир за неговите напори за постигнување мир и меѓународна соработка, а особено за неговата иницијатива за решавање на конфликтот со соседна Еритреја“, образложи Норвешкиот Нобелов комитет.
Минатата година Нобелова награда за мир им беше доделена на поранешната сексуална робинка на терористичката Исламска држава, Надја Мурад и лекарот од Конго, Денис Муквеге „за нивните напори да се стави крај на употребата на сексуално насилство како оружје при војна и вооружен судир“.