Туск: Офанзивата на Турција може да предизвика нова хуманитарна криза
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во денеска изјави дека Турција мора да ја разбере загриженоста на ЕУ оти офанзивата на турската војска во Сирија може да доведе до хуманитарна криза, пренесе Ројтерс.
„Турција мора да разбере дека нашата главна грижа е дека нивните активности може да доведат до друга хуманитарна катастрофа“, рече Туск во Никозија и ги осуди вчерашните закани на турскиот претседател Реџеп таип Ердоган дека ако ЕУ го критикува за воената операција, ќе ги отвори границите кон Европа за 3,6 милиони сириски бегалци.
Турските воени авиони и артилерија ги погодија целите на курдските милиции во североисточна Сирија на третиот ден од офанзивата во која загинаа стотици луѓе и принудија десетици илјади да избегаат, пренесе Ројтерс.