Расте бројката на загинати демонстранти во Ирак
Комисијата за човекови права на ирачкиот Парламент соопшти дека бројката на жртви на масовните протести низ Багдад и земјата пораснала на 93 лица, откако немирите продолжија петти ден по ред. Речиси 4000 луѓе, според комисијата, се повредени откако започнаа протестите против невработеноста, корупцијата и лошите јавни услуги.
Последните бројки за нови жртви доаѓаат откако истакнатиот шиитски свештеник Моктада ал Садр ја повика Владата да пдонесе оставка и да се спроведат вонредни избори под надзор на ОН. Во телевизиско обраќање ирачкиот премиер Адел Абдул Махди порача дека ќе одговори на барањата на демонстрантите, но и предупреди дека нема магично решение за проблемите на земјата.