Лавров убедува дека војната во Сирија завршила
„Сириската војна навистина заврши. Земјата постепено се враќа во нормалниот мирен живот. Одделни жаришта на тензии остануваат само на териториите што не се контролирани од сириската влада, на пример, во Идлиб и источниот брег на Еуфрат“, вели Лавров.
Тој се надева дека формирањето и почнувањето со работа на Комитетот насочен кон осмислување на уставната реформа ќе стане важна фаза на промовирањето на политичкиот процес во Сирија.