Јанушев: Преносот на предметите на СЈО по наредба на Јанева е преседан
„Насилното преземање на предмети од СЈО надвор од закон, по наредба токму на истото лице кое е осомничено дека ги злоупотребувало токму тие предмети за политички притисоци и изнуда на пари ќе креира анархија. Катица Јанева го уценуваше ВМРО да и даде поддршка за криминогеното работење, а за возврат нудеше прекинување на постапките, што говори и за мотивите поради кои тие се отворени“, вели Јанушев во дописот до медиумите.
Тој додава дека „за ваков криминал мора да се одговара, а не да се бара нов незаконски начин како истиот да продолжи“.