ВМРО-ДПМНЕ бара Русковска да го повика Заев на распит за „Рекет“
Иако е посочен во досега собраните искази, обвинителката Вилма Русковска не го повикува Зоран Заев на распит за неговата инволвираност во рекетирањето, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„За Вилма Русковска важат двојни стандарди. Исказ од сведок пред три месеци и беше доволен за да го обвини Митко Чавков и други лица за измислено дело тероризам, а сега Русковска кога станува збор за Зоран Заев кој треба да се најде на обвинителна клупа молчи, ја развлекува истрагата и ништо не презема“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку Зоран Заев им помогнал на директните извршители во извршување на кривичното дело тој треба директно да одговара, велат од најголемата опозициска партија.