ДУИ бара ветинг за сите, Беса да продолжат предметите на СЈО
Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, денеска, по изгласувањето на потребата од итно носење на законот за ЈО, рече дека случајот „Рекет“ и вклучувањето на повеќе општествени елементи, ја наметнуваат потребата за ветинг на сите политичари, на сите судии и на сите обвинители без никаков исклучок.
Пратеникот од Беса, Фадиљ Зендели, пак, изјави дека тие нема да го поддржат Предлог-законот за ЈО ако во него нема гаранции дека ќе продолжат да се процесуираат сите предмети кои биле обврска на СЈО.
„Ако немаме вакви гаранции во Предлог-законот, нема да го поддржиме. Значи, како движење Беса и јас самиот како пратеник барам во дебатата и во амандманската расправа да имаме целосни гаранции дека сите предмети кои се започнати и кои биле во постапка или материјали кои се користени од страна на СЈО, ќе продолжат да се обработуваат и од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција“, изјави Зендели.