Нетанјаху: Војската да направи се што треба против иранските закани
![Нетанјаху: Војската да направи се што треба против иранските закани](https://gdb.rferl.org/3B3BCBB0-2EB4-4FE6-8297-CA52C62A3962_w800_h450.jpg)
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на војската ѝ наредил да направи се што е неопходно за да се спротивстави на иранската закана, објавија светските новински агенции, пренесувајќи ги изјавите на Нетанјаху од интервјуто за Канал 9 на израелската телевизија.
„Никогаш не сум му давал имунитет на Иран. Тоа е држава која се заколна дека ќе го уништи Израел. Таа се обидува да создаде бази против нас насекаде: во самиот Иран, во Либан, Сирија, Ирак и Јемен“, изјави Нетанјаху во интервјуто.
На прашање дали Израел дејствува против иранските сили во Ирак, тој одговори: „Ние дејствуваме на многу воени полиња против државата која се стреми да не уништи. На силите за безбедност им имам дадено слобода да направат се што е неопходно за да пропаднат иранските заговори”.