Навални: Протестите ќе продолжат помасовно, нема поддршка за Путин
Лидерот на руската опозиција и критичар на политиката на Кремљ, Алексеј Навални, по излегувањето од притвор изјави дека антивладините протести ќе продолжат и ќе бидат помасовни.
„Сега гледаме дека лагите и измамите не им се доволни. Не им е доволно да им забранат на кандидатите да излезат на избори. Тие намерно сакаат да уапсат десетина луѓе и да претепаат стотина… Тоа покажува дека не постои поддршка за овој режим. Тие тоа го чувствуваат и се исплашени“, рече Навални веднаш по излегувањето од затворот, каде помина 30 дена во притвор поради поттикнување протести кои повикуваат на слободни избори, а кои беа забранети од руските власти.