Стефанова нема да конкурира за шефица на СЈО, бара да се донесе законот за ЈО
Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа. Не е важно дали е осомничениот е шеф или колега. Јас од самиот старт се оградував од Јанева, изјави денеска обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, по одложувањето на денешното судско рочиште за „Титаник“.
Според неа, СЈО е во најтешката состојба од основањето и апелираше политичарите да го донесат законот за јавното обвинителство.
Стефанова пред новинарите изјави и дека нема намера да конкурира за шефица на СЈО и нагласи дека нема овластување да побара каде моментално е Орце Камчев, осомничениот во „Империја“, и поради тоа потенцираше дека затоа е важно што побрзо да се донесе новиот закон.