Во Авганистан уништен камп за обука на бомбаши-самоубијци
Во координирана акција на авганистанската армија во округот Бараки Барак, во источната провинција Логар во Авганистан, бил уништен центар за обука на бомбаши самоубијци и елиминирани осум вооружени милитанти, објавија светските новински агенции.
Според официјалното соопштение од авганистанската армија, меѓу убиените се и двајца локални талибански команданти. Од милитантите се уште нема одговор на соопштението на авганистанската армија, објавија агенциите.