Пендаровски до ЈО: Не дискредитирам, туку давам поддршка
„Потенцираме дека претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакна дека ќе стори сѐ, за да ги заштити од евентуалните притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот ‘Рекет’“, се вели во соопштението.
Кабинетот на Пендаровски уште еднаш укажува дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност.