Случајот Морина пред Врховен суд, одлука најрано утре
Претходно, Основниот кривичен суд го одби барањето за пуштање од притвор на Томор Морина, кој е во притвор околу две седмици, а беше уапсен на граничниот премин „Блаце“ на 24 јули од страна на македонската полиција по потерница издадена од Интерпол, на барање на Србија.
Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Морина, од страна на Србија е обвинет за воени злостроства врз цивили во текот на војната 1998/1999 година, а официјален Белград побара негова екстрадиција во Србија.