Трамп тврди дека Ким Џонг Ун побарал нова средба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун сака да се сретнат уште еднаш за да започнат преговори откако ќе завршат зааедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД.
Трамп на Твитер напиша дека Ким тоа му го соопштил во писмо адресирано до него. Тој порача и дека „со нетрпение очекува да го види Ким Џонг Ун во не толку далечна иднина“.
Трамп истакна и дека севернокорејскиот лидер му понудил „мало извинување“ за неодамнешните ракетни тестови со краток дострел и го уверил оти тие ќе престанат кога ќе завршат вежбите.