Сончево и топло време со температури до 41 степен
Сончево и многу топло со температури до 41 степен и висок УВ индекс ќе биде во земјава и денеска и утре. Топлотниот бран од портокалова фаза што ја зафати целата држава ќе се задржи до четврток кога се очекува благо опаѓање на температурите.
Маскималната температура во Скопје, во деновите од викендот, ќе биде до 39 степени, со мала облачност и слаб до умерен североисточен ветер.