Иран запленил странски танкер во Персискиот залив, тврдат медиуми
Иранската државна телевизија јави дека Револуционерната гарда на земјата запленила странски танкер со 12 членови на екипажот. Според медиумот, танкерот пренесувал гориво од ирански шверцери на странски купувачи и бил пресретнат во Ормутскиот теснец. Не се знае од која држава е танкерот и националноста на членовите на екипажот.