Глобално предупредување поради вирусот Ебола во Конго
Меѓународна здравствена вонредна состојба е прогласена откако смртоносниот Ебола вирус продолжи да се шири во североисточен Конго, зафаќајќи ја Гома, град со повеќе од 2 милиона жители, во близина на границата со Руанда. Светската здравствена организација вчера објави ретко користено глобално предупредување откако околу 1700 луѓе умреа од високозаразниот вирус од август минатата година, што е втор најлош биланс на некоја болест во историјата.
Широката кампања која се состоеше од 75 милиони „скрининзи“ го содржела вирусот главно во две провинции во североисточен Конго.