Во Собранието седници на четири комисии
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, за финансирање и буџет и за образование, наука и спорт.
Пред Комисијата за земјоделство се предлог- измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште во второ читање и на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во прво читање, додека пред Комисијата за образование се Предлог- законот за основното образование и Предлог- законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, двата во прво читање.
Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите во прво читање е на дневен ред на Комисијата за здравство, а членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат по Предлог- завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2018 година, со Конечен извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на усогласеност за 2018 година на Основниот буџет.