Турски дипломат меѓу најмалку тројца убиени во курдскиот град Ирбил
Најмалку три лица, вклучително турски дипломат, се убиени во денешна пукање во Ирбил – главниот град на полуавтономниот регион Курдистан, велат безбедносни претставници и турското Министерство за надворешни работи.
Неидентификуван вооружен напаѓач отвори оган во ресторан каде јаделе турски дипломати, велат двајца курдски претставници по реалтивно реткиот напад во Ирбил.
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека еден диплмат вработен во конзулатот бил убиен во нападот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека го „осудува навредливиот напад кон вработените во конзулатот во Ирбил.“
Турција соработува со ирачките власти „за брзо пронаоѓање на сторителите.“