Со пари од ЕУ Македонија и Бугарија ќе остваруваат проекти за соработка
Вредност на проектите е седум милиони евра од кои 85 отсто се обезбедени од ИПА инструментот на Европската Унија, а 15 отсто од Буџетот на државата преку Министерството за локална самоуправа.
Три од проектите кои треба да се имплементираат се во областа на конкурентноста, осум за развој на туризмот, а шест проекти за заштита на животната средина.
Проектите ќе се имплементиираат со партнери од двете страни на границата, а нивната вредност се движи од 120 илјади до 590 илјади евра по проект, соопшти Министерството за локална самоуправа.
Министерот Милевски им честиташе на носителите на проекти и им посака успешна имплементација.