Новиот британски премиер ќе се знае на 23 јули
Владејачката британска Конзервативна партија соопшти дека на 23 јули ќе биде објавено името на новиот премиер на земјата, при што во трката за функцијата се Борис Џонсон и Џереми Хант.
За наследникот на Тереза Меј која ќе се повлече од премиерската позиција ден претходно ќе гласаат околу 160 илјади членови на партијата.