Пенушлиски: Од Скопје сега само името ми се допаѓа
Повеќе ме интересира просторот во којшто живееме во реалноста, отколку просторот во којшто живееме во сликите, истакнува уметникот Илија Пенушлиски чија изложба на дигитални графики „Градови“ е во тек до 26 јуни во скопската галерија „Акантус“.