Полициска акција во Љуботен за нелегална трговија со тутун
Финансиска полиција денеска во село Љуботен спроведува акција со помош на припадници на МВР. Акцијата, како што соопштуваат од МВР, е за контрола на нелегална трговија со тутун. Акцијата почна утрината и се врши претрес во неколку куќи во селото.